ОД ЕКО ЕДУКАЦИЈА ВО НАЈРАНА ВОЗРАСТ ДО ПРАКСА ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ЖИВОТ - тоа е најважниот чекор за креирање на правилни еколошки навики за справување со отпадот кај нашите деца.
Следниве градинки одржаа нови едукативни работилници со децата за еколошките аспекти на отпадното масло кое секојдневно се создава и представува голем ризик за природата:
- „Орце Николов“ - сите објекти
- „Кочо Рацин“ - матичен објект и клон Бели Мугри
- „25 Мај“ - клонови Сонце, Детелинка и Синоличка
- „Детска Радост“ - клон Калинка
Голема благодарност до сите воспитувачки за ентузијазмот и креативноста во реализација на оваа еко-едукативна програма со најмладите.



















